Младешката Fruit d’Amour мирисна колекција на брендот Ungaro, со шишиња во форма на јаболко со златно капаче, за прв пат претставена во 2015 година со лансирањето на три женски изданија – Gold, Pink и Green. Во 2016 година колекцијата е збогатена со мирисот Lilac, а во 2017 година со мирисот Turquoise.
За сезоната есен / зима 2018 брендот Unagaro ќе ја збогати мирисната колекција со нова линија на парфеми, наречена Ungaro Fruit d’Amour Les Elixirs, што ја сочинуваат три нови женски парфеми: Purple Gardenia, Black Liquorice и Pink Blackberry. Со новата мирисна линија се интерпретира мрачната, мистериозната и сензуалната верзија на приказната за јаболкото како забрането овошје.
Purple Gardenia
Purple Gardenia како што истакнуваат од брендот Ungaro е мирис наменет за храбри жени, карактерни, одважни личности со цврст став. Мирисните ноти на праска ве водат до срцето од гарденија и цвет од портокал, сите поставени на топла дрвенеста база.
Black Liquorice
Black Liquorice е најавен како мирис кој зрачи со алхемија, храброст и вештина. Мирисот е посветен на смели девојки кои се во потрага на своите соништа. Мирисната композиција е опишана како модерна и свежа, како спој на овошје, цвеќе и ориентални ноти.
Pink Blackberry
Pink Blackberry кога е создаван во мислите на парфимерот му била сензуална и мистериозна девојка. Мирисот е најавен како ориентален, збогатен со цветни и овошни ароми и мирисни ноти на пачули.
Мирисите Purple Gardenia, Black Liquorice и Pink Blackberry ќе бидат достапни во 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.