Yves Saint Laurent го најави лансирањето на Yves Saint Laurent Y Eau de Parfum, нова поинтензивна верзија на оригиналниот Y од 2017 година, машки мирис создаден за милениумската генерација. Y Eau de Parfum во парфимериите ќе биде достапен од септември 2018 година како заводлива мирисна интерпретација на легендарната Yves Saint Laurent бела маица и црна јакна.
Нова мирисна композиција – длабока, свежа и мажествена!
Парфимерот Dominique Ropion ја создаде новата мирисна композиција како длабока, свежа и мажествена, со ароматични, зачинети, дрвенести карактеристики. Свежината на бергамот и ѓумбир во горните ноти засилена е со овошни ноти на јаболко. Жалфија, смрека бобинки и здравец го прават срцето на парфем, поставено на дрвенеста подлога на кедар, ветивер и смола.
Adam Levine од Maroon 5 заштитно лице на парфемот!
Заштитно лице на парфемот е американскиот пејач, текстописец и актер Adam Levine. Тој е главен вокал на популарниот поп-рок бенд Maroon 5.
Yves Saint Laurent Y Eau de Parfum ќе биде на располагање во 60 и 100 мл, како Eau de Parfum.