- Реклама -  

Оваа година брендот Calvin Klein го лансира новото дуо, дополнување на култната Eternity линија. Новиот Eternity Flame мирисен пар претставува „страстно изразување, симбол на посветеност, топлина и внимание“. Eternity линијата ја слави бесконечната убавина и моќта на природните елементи. Како продолжување на најважните вредности на оваа линија, Eternity Flame дуото го доловува безвременското патување на интимноста и љубовта со додадена сензуалност и страст.

Calvin Klein Eternity Flame for Women

Eternity Flame for Women е најавен како неочекувана мешавина од овошја и деликатни цветови во контраст со ориентални вкусови. Израз на љубов и страст, секоја мирисна нота додава на женственост и сензуалност со цел да креира топол, заводлив финиш.

Мирисот е креиран од страна на парфимерот Laurent Le Guernec.

- Реклама -

Calvin Klein Eternity Flame for Men

Eternity Flame мирисот за мажи е креиран исто така од парфимерот Laurent Le Guernec.

Горните овошни и ароматични ноти се редефинирани со ноти на кожа и килибар. Најавен како луксузен и привлечен, мирисот нуди ориентална-fougere композиција. Eternity Flame for Men е свеж, но сепак топол, нежен, а сепак богат и сензуален.

- Реклама -