Guerlain го претстави Shalimar Souffle d’Oranger, нов парфем од мирисната колекција Shalimar, кој е посветен и оддава почит на цветот од портокал. Линијата на парфеми Shalimar Souffle претставува нова модерна интерпретација на класичниот, интензивен и ориентален – „прв во светот“ легендарниот Shalimar од 1925 година.
Мирисна комбинација која го облагородува цветот од портокал!
Новиот Shalimar Souffle d’Oranger опишан е како блескав и сјаен мирис во кој се комбинира petitgrain есенцијалното масло, нероли и ванила за да го облагодарат цветот од портокал. Парфимерот Thierry Wasser мирисната креацијата ја започнува со цитрусни ароми кои водат до богатото срце со нероли и самбак јасмин. Во основата на новиот Shalimar се сместени ноти од сандаловина, ванила и цвет од портокал.
Guerlain Shalimar Souffle d’Oranger ќе биде достапен во 50 мл, како Eau de Parfum.