- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Lancome La Vie Est Belle или Животот е убав e животна филозофија на Lancome и филозофија на среќата или универзална убавина на животот.

Следејќи ја промотивната кампања за провокативниот La Vie Est Belle L’Eclat од Lancôme, проткаена со светлост, бев воодушевена од Julija Roberts како седи опкружена со многу луѓе, повеќе од било кога доминирајќи со впечатлива појава која шири светлост и сјај, додека нејзиниот фустан блеска, украсен со милион ситни кристали. Заразната насмевка на Julija Roberts продолжува да ја придружува кампањата на Lancome La Vie Est Belle со светлина која зрачи со среќа.

Миризливо доживување на среќа!

La Vie Est Belle уште од оригиналната верзија креирана во 2012 ни нуди миризливо доживување на среќа. Lancôme повторно се ангажира преку мирис да ја изрази идејата за среќа, за што беа потребни две години да го создадат La Vie Est Belle L’Eclat.

- Реклама -

Мојата желба беше голема да го истражам La Vie Est Belle L’Eclat почнувајќи од шишенцето со многубројни изгравирани стаклени коцки во бесконечна игра на светлината, со цел да се изрази идејата за среќа која расте и расте. Ако погледнете во шишенцето на La Vie Est Belle L’Eclat тоа е вистински дијамант. Карактеристичната кристална насмевка се преобразува во калеидоскоп кој ја мултиплицира светлината и зрачи со среќа.

Цветот од портокал е главна нота во срцевината на новата приказна!

Во La Vie Est Belle L’Eclat го открив новиот вкус на цветот од портокал со илјада лица, соларен цвет кој му го дава името на овој обновен класик, “L’Eclat” значи сјај на француски јазик. Eclat de Parfum го краси свежата срцевина која содржи благородни состојки на цвет од портокал со нагласени овошни ноти. Тој е изненадувачки цветен, цитрусен, со екстракт од бергамот и со сензуална свежина во горните ноти. Цветот од портокал е главна нота во срцевината на новата приказна, која суптилно се надоврзува на претходната верзија на La Vie Est Belle, а патем истовремено испишува сосема ново поглавје.

La Vie Est Belle L’Eclat го обожаваат сите, посебно оние кои се во потрага на мирис кој е посвеж од класичниот La Vie Еst Belle I’Eau de Parfum, но сензуален, брилијантен кој создава зависност.

Ова е парфем кој ја симболизира внатрешната среќа што е зголемена колку повеќе се дели!