Ќе ги засакате своите години и кожата на лицето!
Ќе ги засакате своите години и кожата на лицето со новиот третман Lancôme Advanced Génifique Sensitive. Револуционерен едномесечен третман за нега, со свежо активирана формула во периодот на зголемена чувствителност за активирање на младешките својства на кожата на лицето.
Секоја жена поминува низ период кога кожата реагира на сезонските промени, стресен период или нарушување во исхраната со добивање на непријатно чувство како горење или чешање на кожата на лицето. Ова се предупредувачки знаци дека кожата станува повеќе чувствителна отколку што се забележува.
Чувствителна кожа е феномен кој влијае на речиси две од три жени ширум светот. Експертите во Lancôme го испитувале овој феномен и откриле дека за периодот кога кожата е чувствителна, воспалителната состојба доведува до нејзино слабеење и придонесува за забрзано стареење на кожата.
Револуционерен едномесечен третман!
Ќе ги засакате своите години и кожата на лицето со новиот третман Lancôme Advanced Génifique Sensitive. Револуционерен едномесечен третман за нега, со свежо активирана формула во периодот на зголемена чувствителност за активирање на младешките својства на кожата на лицето.
Advanced Génifique Sensitive е резултат на храбрата цел на експертите од Lancôme да се развие свежо подготвен едномесечен третман кој ја смирува кожата, делува на знаците на стареење и ја зајакнува кожата кога е чувствителна. Синиот концентрат содржи формула која е збогатена со 99% чисти антиоксиданти, ослободени од корисникот кога го отвора шишенцето за да го направат Advanced Génifique Sensitive серумот поефективен.
Како делува? Третман за кожата во кризна ситуација!
Како последица на динамичниот начин на живот, загадувањето и многуте надворешни фактори, кожата реагира на сите влијанија. Нејзиниот екосистем е нарушен и ослабен, што води до чувство на непријатност како топлина, пецкање, затегнатост и повремено црвенило. Овие “лоши денови на кожата” или денови на изразена осетливост се чувствуваат, дури ако тие не се видливи.
За да се справи со “лоши денови на кожата”, Lancôme го претстави првото козметичко решение за обезбедување на бескомпромисен одговор на двојниот проблем на чувствителност и стареење на кожата.
Lancôme Advanced Génifique Sensitive е наменет како итен одговор во кризна ситуација. Новото технолошко достигнување ја содржи моќта на култниот серум Advanced Génifique за повеќето познат како “малото црно шише”. Во комбинација со антиоксидантниот комплекс на витамин Е и ферулинска киселина, со додавање на нови смирувачки пробиотички фракции на лактобацили. Втората особено моќна, но нестабилна активна состојка, која експертите во лабораториите на Lancôme успеале да ја изолираат во ампулата со користење на нови козметички состојки. Лактобацилите се активираат непосредно пред употреба и нанесување на третманот, обезбедувајќи максимална ефикасност.
Откако производот еднаш ќе се активира, активните состојки од ампулата се спојуваат со базата на серумот правејќи мешавина во која се ослободуваат антиоксидантните својства. Како резултат од третманот, кожата е два пати повеќе смирена и заштитена. Резултатите може веднаш да се забележат. Кожата ја чувствувате удобно и без непријатност, која ја чувствувавте во деновите на исклучителна осетливост. Ќе го вратите нормалниот изглед на кожата на лицето. Жените тоа го сакаат најмногу!
Едноставно кажано легендарен производ. Храбри и универзални: овие карактеристики отсекогаш биле во срцето на постојаните напори на Lancôme за поддршка на сите жени во нивната потрага по убавина.