Како да спречите неизедначеност на бојата на кожата на лицето како и појава на хиперпигментни дамки и флеки!
Хиперпигментацијата на кожата е проблем со кој во последно време се соочуваат се поголем број на луѓе. Поинтензивно или помалку, како и зависно од типот на кожата и од степенот на изложеност на сонце, тој непосакуван проблем е дел од нашето секојдневие. Хиперпигментацијата особено е честа кога сончевите зраци се поинтензивни и кога сме повеќе изложени на нив, а се поголем број на луѓе се соочуваат со неа, иако не верувале дека можат да го имаат тој проблем.
Како се манифестира хиперпигментацијата?
Пред се во неизедначеност на бојата на кожата, што претставува блага форма, па се до појава на темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, кои создаваат значајни непријатности.
Изложеноста на сонце, стареењето или хормоналните промени се главните причинители!
Дали постои решение?
Колекцијата Eucerin Anti-Pigment претставува ефективна медицинска козметика која ги намалува темните дамки, флеки по само две недели, а кожата изгледа поизедначена и посветла. Со нејзино навремено нанесување ќе спречите и неизедначеност на бојата на кожата на лицето.
Овој иновативен производ претставува комбинација од патентиран Тиамидол со формула со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокомпонентен систем.
„Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин”, смета д-р Соња Доневска Петрушевска медицински претставник на Beiersdorf за Македонија. „Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки: кои ги нарекуваме хиперпигментација”.
Anti-Pigment колекцијата на Eucerin ја содржи активната состојка Тиамидол, која го решава проблемот во корен со тоа што го редуцира лачењето на меланин на кожата. Од 50.000 тестирани супстанци во лабораториите на Beiersdorf во текот на изминатите 10 години истражување и развој, Тиамидолот се покажа како најефективна и најсилна состојка. За време на 3-месечното клиничко тестирање, испитаниците со хиперпигментација ги видоа првите резултати по само две недели нанесување, со континуирано подобрување на состојбата видливо во текот на наредните 12 недели.
Како до најдобрите можни резултати?
Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Eucerin Anti-Pigment треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат Тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.
Од кои производи се состои колекцијата Eucerin Anti-Pigment?
Eucerin Anti-Pigment Двоен Серум!
Двојниот серум комбинира патентиран Тиамидол со формула со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокомпонентен систем.
Eucerin Anti-Pigment Дневна Нега!
Кремот за дневна нега нуди заштита од сонце со фактор 30.
Eucerin Anti-Pigment Ноќна Нега!
Кремот за ноќна нега помага во обновата на клетките на кожата во текот на ноќта со Декспантенол.
Eucerin Anti-Pigment Коректор на дамки!
Коректорот на дамки овозможува насочена примена на специфични делови со хиперпигментација.