- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секој парфем се состои од многу различни миризливи есенции чија должина на задржување на кожата варира во зависност од тоа колку време им треба да испарат од кожата. Кај парфемите миризливите есенции експертите ги делат на: основни, средни и горни ноти.

10 минути – горни ноти!

Горните ноти кај мирисот се оние есенции што се чувствуваат веднаш штом ќе го отворите шишето и тоа се нотите што прават парфемот да го сакаме или не. Но, ова не е „вистинскиот“ мирис на парфемот, затоа што тоа се миризливи есенции што испаруваат за многу кратко време, помеѓу 10 и 30 минути. Претежно тоа се мирисни ноти на цитрус, лаванда и нане.

3 часа – средни ноти!

Средните ноти или нотите на парфемското срце се аромите кои го претставуваат „вистинскиот“ парфем, оној што трае 3 до 4 часа на кожата. Во мешавината на овие средни ноти во прв план доаѓа фантазијата на креаторот на парфемот, затоа што има на располагање стотици мирисни есенции.

6 часа – основни ноти!

Основните ноти се состојат од мешавина на постојани миризливи есенции, чија главна задача е да ги врзат послабите ароми. За основа на парфемот обично се користат: дрвенести ноти, ирис, ванила или некои животински материи. Тие траат најмалку 6 часа, но на облеката може да се чувствуваат и ден по нанесувањето.

- Реклама -

Парфемот треба да ги опфати и стимулира сите сетила!

Кога за прв пат се сретнуваме со некои парфеми, не е доволно да имаат само пријатен мирис. Посебноста на еден парфем е тоа што тој мора да ги опфати и стимулира сите сетила, вклучувајќи го и видот. Поради оваа причина некои парфеми секоја година се лансираат во нови, специјално дизајнирани шишиња во колекционерски изданија.

Парфемот треба да се користи свесно и умерено!

Нема одредено време од денот за нанесување на парфем. Напротив, се нанесуваат од рано наутро до доцна вечер, но само доколку се користат свесно и умерено. Премногу интензивен мирис може да биде непријатен за околината, особено кога сте во затворена просторија, односно на работа. Од друга страна, нежен мирис нема да се почувствува во вечерните часови.

За утринско излегување одберете тоалетна вода и немојте да штедете бидејќи мирисот не е многу концентриран.

За вечерно излегување дајте предност на парфемска вода: мирисот е повеќе концентриран и трае подолго време.