Почеток на нова ера во историјата на брендот Amouage е лансирањето на колекцијата Renaissance, која ја сочинуваат четири мириси: Enclave, Crimson Rocks, Ashore и Meander. Брендот Amouage црпи инспирација од матичната земја Султанатот Оман, а софистицираните креации со различни мириси ги создадоа меѓународните  познати парфимери: Domitille Michalon-Bertier (Crimson Rocks), Mackenzie Reilly (Ashore and Meander) и Julien Rasquinet (Enclave).

Најфини парфеми во светот Amouage креира повеќе од три децении!

Amouage е познат по креирање на најфините парфеми во светот повеќе од три децении. Продолжувајќи да се гради приказната на таа основа, желбата е брендот да се поведе низ нови истражувања, на пат кој ќе не однесе кон откривање на нови аспекти на мирисите на брендот” – изјави Renaud Salmon, новиот Amouage Experience Officer.

„Одлучив да дебитирам со оваа епска мирисна одисеја со колекцијата Renaissance – Ренесанса, ново раѓање“.

- Реклама -

Парфеми инспирирани од магичната природа на Оман!

Колекцијата Renaissance е инспирирана од магичната природа на Оман која го одзема здивот, ги доловува живописните контури на пејзажот, боите и целата нивна убавина. Освен фасцинантните мириси, право уметничко дело се прекрасните бои и кутиите на шишињата.

Ве повикувам на мирисно патување низ Оман со мирисната колекција Renaissance!

Amouage Renaissance Crimson Rocks

Crimson Rocks потсетува на величественоста на планината Al Hajar на зајдисонце.

Amouage Renaissance Ashore

Ashore со својот мирис отсликува фатаморгана на сетилата на крајбрежјето на Ras Al Jinza, на средина на летото осветлено од сончевите зраци.

Amouage Renaissance Meander

Meander потсетува на најјужниот дел на Оман, Khareef во текот на сезоната на монсуни, возбудливо чувство во земјата на маглата бујните и зелени планини и планинските потоци.

Amouage Renaissance Enclave

Enclave софистицирано ја прикажува свежината заробена во зајдисонцето на фјордовите на Musandam.

- Реклама -