- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја боја на очите има свои особености, а со цел тие потполно да бидат истакнати и да го направат вашиот поглед уште поубав и предизвикувачки, треба да ја пронајдете нијансата што ви одговара совршено – онаа нијанса на која никој нема да може да одолее!

Зелена боја на очите!

Статистиката вели дека зелени очи имаат само 2% од светската популација, затоа со сигурност може да се каже дека зелените очи се чиста егзотика! Шминкањето со црвеникави и виолетови подтонови најдобро одговара за нив, бидејќи совршено ги оформува очите и го истакнува зелениот пигмент. Махагони, бургунди, бакарна, златна, земјена, па дури и сиви сенки за очи ќе ги направат зелените очи да изгледаат уште поуникатни и блескави, скоро како скапоцени камења! Важно е да направите соодветен контраст, а ако се одлучите за зелена сенка одберете ја најтемната од палетата.

- Реклама -

Избегнувајте ги сенките за очи со розови подтонови, бидејќи голема е шансата да го постигнете ефектот на уморни очи, па дури и ќе изгледате постаро. За да го избегнете неприродниот изглед, наместо црн молив за очи и маскара, користете ги оние во сива или кафена боја.

Која е бојата на вашите очи и како ги истакнувате со помош на шминка? Пишете во коментари!