- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Една од најпознатите луксузни креми – Crème De La Mer, се здоби со висок култен статус поради што огромен број на приврзаници низ целиот свет се заљубени во неверојатните придобивки на Crème De La Mer.

Зошто е толку скапоцен? Која е тајната на формула на La Mer производите?

Самото спомнување на Crème de La Mer инспирира интриги, обожавање и култна преданост. Се започна кога физичарот д-р Max Huber тргна во потрага по исцелување по лабораториска несреќа. По дванаесет години и повеќе од 6000 експерименти, роден е Miracle Broth – легендарниот еликсир. Откако се приклучи на Estée Lauder Companies во 1995 година, La Mer стана најпосакуван бренд за нега на кожата во целиот свет.

Денес формулата на д-р Max Huber е една од најсочуваните тајни во индустријата за убавина.

Miracle Broth е моќна комбинација на скапоцени морски состојки кои се душата на иконичните и посакувани формули на La Mer производите. Сржта на Miracle Broth е богата со хранливи материи и негувани морски алги, кои во комбинација со други чисти состојки, се трансформираат за време на повеќемесечниот процес на био-ферментација.

Така е создаден подобрен извор на енергија кој делува како моќен катализатор за обновување на кожата.

- Реклама -

Имитирајќи ги сонцето и природниот ритам на бранови, Miracle Broth за време на процесот на ферментација е изложен на пулсирачки звук и светлосна енергија, интензивирајќи ја својата активност за максимална корист на кожата.

Формулата помага во зајакнување на нивото на природна енергија на кожата, зголемувајќи го здравиот изглед на кожата и светлиот сјај.

Највисок стандард на изработка!

Crème de la Mer е создадена со највисок стандард на изработка. Моќните морски алги во срцето на Miracle Broth се внимателно и одржливо рачно набрани и замрзнати се испраќаат до истражувачките лаборатории заради одржување на интегритетот и активноста на свежото растение. За антиоксидантниот екстракт на чајот од лимета, лиметата е рачно излупена за да се извлечат животните придобивки од цитрусите.

Секоја тегличка на Crème de la Mer е рачно наполнета, во просторија во која температурата постојано се контролира.

Исцелува сувост, давајќи длабока влага на кожата. Ултра-богат крем за природен и здрав сјај.

Родена од морето, легендарната Crème De La Mer има моќ да ја трансформира кожата. За кратко време цврстината се подобрува, линиите на борите и изгледот на порите стануваат помалку видливи, кожата изгледа практично обновена. Со богати хранливи материи Miracle Broth е срцето на длабоката моќ на La Mer трансформацијата на кожата.

Ритуал за активирање на Crème De La Mer

Тајната за активирање на нејзината обновувачка моќ и уживање во нејзините длабоки бенефиции лежи во смирувачкиот ритуал. Crème de la Mer мора да се загрее неколку секунди помеѓу прстите додека стане проѕирна, а потоа нежно се нанесува на кожата.

Луксузен порцелански сад!

Crème De La Mer доаѓа во бел порцелански сад. Луксузната амбалажа на кремот е тешка и масивна поради дебелината на садот. Целта на порцеланскиот сад е да се одржува кремот и да се избегне изложеност на флуктуации на промените во животната средина.