- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Виолетов кармин? Виолетовата боја оваа сезона е меѓу најжешките мејкап трендови, бидејќи кармини во нијанси на виолетова станаа производ кој мора да го има секоја девојка која се грижи за нејзиниот изглед.

Но, многу девојки се плашат од оваа нијанса, бидејќи не знаат како правилно да ја комбинираат со остатокот од шминката. Точно искомбинирана виолетова нијанса на твоите усни може да те направи ѕвезда на вечерта.

Виолетови усни за девојки со светол тен на лицето!

Ве советувам виолетови кармини да бидат вашиот избор за вечерно излегување, бидејќи дневните варијации може да изгледаат како да сте претерале со количината на шминка на лицето. Девојките со светол тен совршено им прилега кармин во оваа боја, бидејќи создава силен контраст помеѓу бојата на кожата и усните.

Но, за остатокот од шминката треба да изберете посмирени нијанси. Ви препорачувам класичен smokey eye со природни нијанси. Изберете палета со кафени и беж нијанси кои даваат топлина на погледот. Потоа на усните нанесете виолетов кармин, но ако сакате дополнителна доза на нежност и топлина, нека биде кармин со мат формула.

- Реклама -

Ако сакате вашите усни да изгледаат пополни, тогаш исто така ви е потребен молив за усни во истата боја со што внимателно ќе ги обликувате усните. Усните ќе изгледаат повеќе сочни, а моливот ќе помогне карминот да трае подолго.

Виолетови усни за девојки со темен тен на лицето!

За разлика од девојките со светол тен, девојките со темен тен на кожата можат да го носат карминот со виолетова боја во текот на денот. Оваа боја совршено се вклопува со нивниот тен, бидејќи виолетовите усни во комбинација со темниот тен на лицето изгледа многу привлечно. Поради тоа на девојките со темна кожа дозволено им е виолетовите усни да ги комбинираат со апсолутно сите мејкап варијанти, од тенка линија на тушот на очните капаци до smokey eye изглед.

Ви предлагам да пробате комбинација од виолетов кармин со сребрен или златен туш на очните капаци. Ова ќе ви даде уникатен изглед пред кој никој нема да остане рамнодушен.

Сите девојки кои сакаат дополнително да ја нагласат својата оригиналност, ве советувам да изберат виолетови кармини со долготраен мат финиш.