“Без елеганција, играњето и победувањето не се доволни” – René Lacoste
Оригиналниот Lacoste Homme!
Во современиот Lacoste маж лежи наследството на оригиналот.
René Lacoste: тениски шампион и иноватор!
René Lacoste бил познат по неговиот фокусиран начин на игра, кој го трансформирал во насмевка веднаш штом го напуштел тенискиот терен.
Со прекар Крокодилот, благодарение на издржливоста која ја демонстрирал за време на неговите натпревари, René Lacoste исто така бил прецизен, педантен и стилски тактичар. Инспириран од неговиот прекар, René Lacoste побарал од пријател да му дизајнира крокодил кој го носел извезен на неговото палто. Овој амблем набрзо станува симбол на неговата интернационална слава, а сега икона која симболизира самодоверба, решителност и издржливост, квалитети кои René Lacoste ги покажувал на теренот, но и надвор од него.
Lacoste го слави истрајното потекло на Lacoste крокодилот преку мирисот L’homme Lacoste.
Откривање нова елеганција!
Инстинктивните атрибути на René Lacoste и Lacoste крокодилот го карактеризираат денешниот модерен Lacoste маж. Неговата вродена самодоверба во комбинација со елегантниот стил, креира заповедничко присуство. Инстинктивно смел и самоуверен, Lacoste мажот е слободен да го пробие конвенционалниот начин на живот и да живее во моментот. Неговата смела љубопитност му дозволува да го следи својот пат. Исто како и неговиот претходник René Lacoste, издржливоста на Lacoste крокодилот зрачи низ секој негов потег.
Креиран за современиот Lacoste маж! Инспириран од издржливоста на Lacoste крокодилот!
Мирис на издржливоста!
Дрвенест зачинет мирис, L’homme Lacoste го доловува неспоредливото наследство на René Lacoste, елегантно игнорирајќи ги правилата за да се биде слободен. Структурата на мирисот ги открива страните на модерниот Lacoste маж. Динамичните горни ноти на мандарина и портокал, искомбинирани со дуња и рабарбара, ја зголемуваат енергијата на самодоверба. Решителноста е евидентна во вибрантните зачини во срцевината на мирисот, црн пипер, ѓумбир, јасмин и бадем, кои ја откриваат силата на карактерот на L’homme Lacoste мажот. Неговата безвременска елеганција се открива преку мажествената и сензуална дрвенеста база, која е составена од кедар и сув килибар, мошус, ванила и акигала дрво. Мешавината од мажествените и елегантни ноти на L’homme Lacoste, е создадена за мажи кои живеат водени од филозофијата дека без стил, победувањето е ништо.
Рафинирана форма: амбалажа!
Преку софистицирано изработено шише на L’homme Lacoste со мажествен изглед, на суптилен начин оддекнуваат иконите на брендот и суштината на мирисот. Инспириран од графичките линии и бојата на тениското игралиште, стакленото проѕирно шишенце со правоаголен облик е спакувано во сјајна сребрена кутија. Внатре во рамката се наоѓа сребрен крокодил, иконата на брендот, позициониран над елегантната морнарска сина боја, која се совпаѓа со исто така заобленото морнарско-сино капаче.
L’homme Lacoste: Кампања!
Непредвидена нарација се открива во визуелно хипнотизирачката кампања на L’homme Lacoste. Сите елементи на непогрешливото наследство се измоделирани на современ начин. Протагонистот од кампањата го претставува Lacoste мажот денес. Живописна почетна сцена со култниот град чија елеганција е дел од ДНК-то на францускиот бренд: птичја перспектива на Париз. Ведар ден и поглед кон грациозната Ајфелова кула. Филмот пренесува свежа перспектива да обедини два лика. Елегантен и релаксиран, самоуверен и полн со енергија, Lacoste мажот чекори на тениско игралиште на покрив. Тој е таму за специјална игра со друг играч, крокодилот. Филмот ги открива сличностите на карактерите: одлучноста која се гледа во нивните очи, острината и целта на нивното движење и елеганцијата во нивното однесување. Тие играат заедно, нова игра на плен, маж и крокодил, испитување на нивниот инстинкт и софистицирани движења.
“Иновацијата значи да се осмелиш да ризикуваш”-Rene Lacoste