- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

2021 година за брендот Dior беше феноменална поради фактот што машкиот мирис Dior Sauvage беше прогласен за најпродаван парфем во светот, помеѓу машките и женски парфеми заедно. Сосема невидено досега во историјата на парфемите, прво место за машки мирис! Откако се појави во 2015 година, Dior Sauvage наиде на извонреден успех. Неговиот виор на свежина го освои целиот свет и се чини како ништо да не може да го сопре.

Кој е најпродаван парфем? Dior Sauvage

На секои три секунди се продава по едно шише од Dior Sauvage!

Неговата позиција на врвот доаѓа од фактот дека во 2021 година се продавало по едно шише на секои три секунди. Омилениот Sauvage многу брзо ја заведе јавноста низ целиот свет. До 2017 година, тој беше лидер на пазарот во Англија и Италија во конкуренција на машки и женски мириси.

Минатата година Dior Sauvage постигна подвиг со тоа што се најде на завидната позиција како најпродаван парфем во Соединетите Американски Држави, а истовремено се искачи на првото место во продажба на машки мириси во Франција.

Овие спектакуларни успеси на машкиот мирис Dior Sauvage, се резултат на големото знаење и традиција каква што само брендот Dior знае да создаде.

- Реклама -

Кој е најпродаван парфем? Dior Sauvage

Интензивен и силно мажествен мирис!

Авантурата започна во 2015 година, со извонредната композиција на Francois Demachy, тогашен парфимер на Dior, кој одбра да игра со живи и дарежливи ноти на бергамот од регионот Калабрија и amber wood. Dior Sauvage е интензивен и силно мажествен мирис кој е богато фасетиран и украсен со исклучителни суровини што ги изненадува и освојува своите носители.

Francois Demachy and Johnny Depp

Sauvage универзум!

Парфемскиот феномен Sauvage прерасна во вистински универзум кој содржи тоалетна вода, парфемска вода и парфем, како и од неодамна Sauvage Elixir изданието кое ги помести границите со невидената концентрација на мирис.

Dior Sauvage Universe

Во 2021 година машката линија Sauvage го отвори патот за новата генерација на Dior мириси, следејќи ја одржливоста, со тоа што ги направи 100% дополнувачки.

Авантурата продолжува…

Храбриот и моќен мирис е отелотворен во новата кампања за Sauvage преку Johnny Depp, со ноќен рокенрол, волци и месечина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Official (@dior)