- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новите мирисливи пени за тело од колекцијата Benessere со многу примамлива кремаста текстура, која дава инстантна хидратација на телото, веднаш се апсорбира, оставајќи ја кожата кадифено мека и парфимирана.

Ако сте во потрага по возбудувања и чувства какви што досега не сте осетиле?

Колку ги има на број?

Пет се разбира, секоја од нив со прекрасен мирис, тоа е линијата Collistar Mousse Di Benessere. Ако сте во потрага по возбудувања и чувства какви што досега не сте осетиле, тогаш оваа колекција е создадена токму за вас.

Која ќе биде вашата омилена пена за тело?

Новите пени за тело се луксузни, идеални за нанесување после капење. Со нежна масажа веднаш се апсорбираат, а кожата ја прават мека, неодолива и со прекрасен мирис, благодарение на shea путерот.

Незаменливиот Mousse dell’Armonia со релаксирачки, навлажнувачки, кадифен ефект. Екстракти од бадем и масло од кајсија се главните состојки на оваа пена за тело.

- Реклама -

Потоа, Mousse della Felicità, со возбудливо навлажнувачки кадифени медитерански екстракти од праска и масло од кајсија се главните компоненти на оваа пена.

А, која е тајната која се крие во Mousse dell’Amore? Срце преплавено со интензивно масло од ориз екстракти од роза како и екстракт од орхидеја за регенерација и баланс на кожата. Секој кој чувствува дека му треба енергетски поттик, може да почне да ја користи новата пена која во својот состав има јојоба и екстракт од гинко билоба. За да се задржи хидратацијата и кон крајот на денот тука се состојките од масло од ориз, лимон и липа, кои благодарение на нивниот мирис ве опушта и помага полесно да заспиете.

Свет полн со мириси кои ги будат телото и душата со нови емоции и сензуалности!

Benessere колекцијата е свет полн со мириси кои му будат на телото и душата нови емоции и сензуалности. Ексклузивна колекција која одговара на сите потреби на денешната жена.

Profumo dell’Amore, сензуален, нежен мирис благодарение на розата и магнолијата. За ден исполнет со љубов.

Profumo di Benessere  налив на енергија и виталност со ароматични екстракти. Вистинска поплава на задоволство и виталност.

Profumo della Felicità доаѓа со мирисни ноти на портокал. Медитерански екстракти кои даваат мирис на женственост и привлечност. Неговата позната особина е регенерацијата.

Profumo di Armonia, облечен во виолетово, нуди баланс и хармонија благодарение на екстрактите од ванила и бадем.

Profumo dei Sogni со неговата полноќно сина боја и слатките цветни ноти прави никогаш да не престанете да сонувате.

Толку се неодоливи што нема да може да изберете само една!