Следејќи го успехот кој го постигна мирисната колекција 007 For Women со првото и второто издание, 007 женската мирисна колекција се збогати со изданието 007 For Women III.

007 For Women III Eau de Parfum е дијамантот на 007 женската колекција. Моќен и дизајниран со долготрајни состојки, 007 For Women III совршено ја комплетира 007 колекцијата за жени.

Мирис дизајниран со трајни состојки, кои се откриваат себеси со текот на времето!

Овој интригантен и повеќеаспектен парфем, ја дополнува 007 трилогијата за жени, играјќи на истата флорално-ориентална територија како и во Women I и II, но истиот е дизајниран со трајни состојки, кои се откриваат себеси со текот на времето.

Мирисот се отвора со нежни, зачинети и блескави овошни ноти на папаја и ананас. Во срцевината, блескавите флорални ноти процветуваат во комбинација со ylang-ylang и плумерија (франгипани).

- Реклама -

Во меѓувреме, топлата богата основа е составена од топли и сензуални килибарски ноти, како и ноти на сандалово дрво, бензоин и екстракт од пачули.

Шишенце како дијамант кој создава ефект на калеидоскоп!

Темно виолетовото шишенце на 007 For Women III всушност претставува дизајн на дијамант кој создава ефект на калеидоскоп и кој блеска како што ја рефлектира светлината.

Надворешното пакување е кутија обоена во темна нијанса на виолетова боја, украсена со култното 007 лого со пиштол.

Кампања со познатото заштитно лице – Caterina Murino!

Главниот визуал за кампањата е темен и помалку мрачен, а на него шишенцето во темно виолетовата боја и веќе познатото заштитно лице – Caterina Murino.

Силната женственост и безнапорната елегантност на мирисот, силниот карактер и сонот за бегство во друг свет, оживеани и отсликани преку сензуални фотографии направени од страна на William Bartlett и Daniel Kleinman, тимот кој стои зад некои од најпознатите и веднаш препознатливите 007 насловни продолженија во поновата историја.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име