Вечерен амбиент. Моќта на заведување станува се посилна, модерниот маж ја освојува во темнина. Ја прифаќа еуфоријата, таинственоста и уживањето. Се препушта на меѓусебната игра на заведување. Бестрашна и смела „ноќна птица” која им пркоси на сите правила. Превзема ризици, се соочува со непознатото, флертува со забранети! Ноќта е неговото игралиште за авантура. Игра без крај, каде што ја искажува својата магнетската привлечност и самодоверба.
Ноќта како совршен амбиент за игра на заведување!
Култниот машки парфем YSL La Nuit de L’homme Eau De Toilette, мирис на заведување кој е класика. Симбол на современата мажественост. Суштината на желбата станува мирис кој се одразува на страста на ноќта полна со изненадувања.
Енергија на искушението! Ритамот на ноќта!
Освежувачките ориентални ноти придонесуваат во играта на заведување, фасцинантно како моментот во кој ноќта се препушта на зората, со постепено спојување на светлоста на денот. Тензијата помеѓу освежителните цитрусни ноти на лимон и бергамот, зачинети акорди на интензивност и моќни топли дрвенести тонови. Острината на црниот пипер и цитрусот се во судир со машки и рафинирани ветивер и кедар. Без компромис и целосно исполнување. Акорд што ја загрева срцевината е всушност зрно грав. Суптилна сензуалност, неодолива како искушението на ноќта.
Мирис на ноќта: Vinnie Woolston
Темнокос, тетовиран и магнетно привлечен: Vinnie Woolston е новото заштитно лице на парфемот La Nuit de L’homme. Новозеландскиот модел , бунтовник е со вроден шарм кој е права ноќна птица. Интелигентен и сензуален, ја отелотворува одважноста и безгрижната елеганција на новата генерација на мажи.