- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Истакни ја својата убавина! Grandiôse Liner туш за очи

Тушот за очи го прослави филмската индустрија и благодарение на неа ние се сеќаваме на некои од најстрасните погледи. Се појавува како заштитен знак во светот на кинематографијата  и модната фотографија и ја претставува ултимативната жена со желба да ја истакне својата убавина.

Изглед кој ќе не издвои од другите!

Помодерен од било кога, а можете да се носи како сакате, како чисти графички линии кои се протегаат низ очните капаци или нежно по коренот на трепките. Моќното враќање на модната писта и како една од главните теми на советите за убавина, го симболизира вечниот стремеж да се создаде изглед кој ќе не издвои од другите и сето тоа на еден забавен начин.

- Реклама -

Grandiôse Liner револиционерен туш за очи!

Lancôme уште еднаш ги поместува границите со Grandiôse Liner, револиционерен туш за очи инспириран од техниките кои ги користат мејкап артистите. Ги моделира сопствените правила, благодарение на  суптилната техника и неверојатната флексибилност при нанесување.

Ова чудо на технологијата вклучува зглоб кој овозможува виткање на апликаторот до 35 степени и овозможува досега невидена флексибилност при нанесување. Новата густа, транспарентна и целосна мат формула го интензивира погледот и создава исклучително храбри линии.

Закоси, нанеси и креирај!

Ова е една од најдобро чуваните тајни на мејкап артистите: виткањето на четката под агол овозможува поголема флексибилност и креативност, а со тоа и поубави очи.

Со апликаторот под агол од 35 степени, Grandiôse Liner ја поедноставува техниката и овозможува прецизна апликација. Виткањето на 35 степени за креативност до 360 степени дозволуваат нови правила на “играта” кои овозможуваат попрецизно нанесување.

Апликаторот на тушот за очи Grandiôse Liner се витка благодарение на зглобот и се користи во две посебни позиции, рамна и закривена. Закривената позиција обезбедува безброј можности за еден туш кој се нанесува лесно и прецизно од внатрешниот до надворешниот  агол на трепките. Техниката на нанесување е прилагодена за клиентите и е крајно поедноставна.

Grandiôse Liner има исклучително деликатен врв од само 0,2 мм, со текстура од  синтетички микровлакна и смола, која овозможува апсолутна флексибилност, што всушност претставува клуч на прецизната линија. Кога се потопува во тубата, врвот апсорбира оптимална количина.

Неверојатен храбар мат финиш!

Густи, транспарентни и екстремни мат пигменти кои создаваат неверојатно софистициран изглед. Тушот е достапен во три исклучително интензивни нијанси црна како јаглен, сина како сафир и продорно кафена, а чистиот мат финиш носи бескрајна постојаност, без размачкување. Формулата на база на вода лесно се нанесува  и брзо се суши. Влагата и себумот во никој случај не влијаат на линијата. Grandiôse Liner лесно може да се отстрани и да се измие со топла вода.