Покрај секојдневните рутински третмани за нега на кожата потребна е и соодветна пудра за лице, која ќе ви овозможи хидратација и мат финиш кој ќе трае до 24 часа.
Bourjois Air Matte висока покривност и беспрекорен изглед!
Air Matte пудрата е со формула која е создадена да и се овозможи на кожата хидратација и мат финиш кој трае до 24 часа. Т-зоната на вашето лице останува мат, формулата воопшто не ја суши кожата, напротив и покрај високата покривна моќ, овозможува влажност на кожата во текот на денот. Нејзината хидрантна, лесна формула овозможува кожата да дише во текот на денот, обезбедувајќи висока покривност за беспрекорен изглед на лицето.
Bourjois Air Matte е збогатена со матирачки микронизирани состојки кои го елиминираат сјајот и го прават изгледот на лицето без ефект на маска за невидлив резултат. Текстурата е лесна, високо покривна, но најдоброто е што обезбедува долготрајност и нема потребна од подлога на лицето.