Линијата на мириси La Nuit Tresor од Lancôme, во почетокот на 2018 година се проширува со уште едно издание насловено како “La Nuit Trésor à la Folie”. (фр. “à la folie” – мк. “до лудило”).
La Nuit Trésor градина од рози!
La Nuit Trésor мирисите се замислени како градина од рози. Досегашните линии од La Nuit Tresor Eau de Parfum и Rose Caresse Eau de Parfum содржеа Aphrodisiac Rose, додека во La Nuit Trésor Eau de Toilette се наоѓа Rose Passion. Новата линија на рози со име Rose Fougueuse, е хероина од изданието La Nuit Trésor à la Folie.
Водени од идејата дека љубовта се манифестира преку безброј комбинации на чувства, композицијата со своите мириси се обидува да опфати различни искуства. La Nuit Trésor à la Folie е интерпретација на љубовта на Lancôme во форма на потполно задоволство и предавање. Мирисните ноти ги развија Christophe Raynaud, Amandine Marie и Honorine Blanc.
Мирис за потполно задоволство и предавање!
Во горните мирисни ноти свежината на пикантниот розов бибер е надополнета со бергамот и овошје. Дамаск розата е истакната со јасмин, божур и љубичица во срцето на парфемот. Базата открива сензуалност со еликсирот од ванила со природни есенции на бурбон ванила, бензоин и тонка, збогатена со дрвенести ноти.
Дијамант во боја на рубин!
Шишенцето на La Nuit Tresor à la Folie е дијамант во боја на рубин симболизирајќи страствен дух, а на вратот е украсено со црна лента, на која со сребрени букви испишано е: ” à la folie “.
Lancôme La Nuit Trésor à la Folie ќе биде достапен како 30, 50 и 75 ml Eau de Parfum.