YSL Black Opium New Glowing Eau de Toilette, нова блескава зависност во форма на Eau de Toilette.
Доживеете новa блескава зависност!
Во почетокот на 2018 година, Yves Saint Laurent презентира нова верзија на оригиналниот мирис Black Opium од 2014 година и тоа на Eau de Toilette линијата првично претставена во 2015 година. Новата свежа Eau de Toilette линија е наречена Black Opium New Glowing Eau de Toilette и Ве повикува да доживеете “новa блескава зависност.”
Во потрага по неочекуваното!
Енергична, импулсивна и зависна од забави, Black Opium Eau de Toilette жената ужива во нови искуства со пријателите. Таа живее во моментот и секогаш е во потрага по неочекуваното.
Нејзиниот мирислив потпис е: Нова блескава зависност во форма на Eau de Toilette.
Акорди на црно кафе!
Композицијата е свежа и слатко цветно-ориентална со препознатлив акорд на црно кафе, освежена со мирисни ноти на круша и цитрус во горните ноти. Срцето на мирисот е создадено од бели цветови, акорди поставени на ориентална и дрвенеста основа.
Yves Saint Laurent Black Opium Glowing Eau de Toilette е достапен во количества од 50 и 90 мл.