- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Calvin Klein со новиот CK Everyone Eau de Parfum ја надополни приказната за култниот унисекс мирис CK One од 1994 година, инспириран од тогашната генерација на млади и нивниот начин на изразување. Со тоа Calvin Klein го слави безвременскиот дух на колекцијата со издание кое е за нијанса поинтензивно од CK Everyone Eau de Toilette од 2020 година.

Веганска формула со природни состојки!

Новата мирисна креација, сега како парфемско издание се грижи за животната средина и има веганска формула направена од етички добиени природни состојки. Алкохолот е од природно потекло, а стакленото шише и надворешното пакување се направени од рециклирани материјали. Проѕирното стаклено шише содржи 10% рециклиран материјал, а картонското пакување содржи 30% рециклиран материјал. Овие материјали може повторно да се рециклираат.

Совршен придружник за споделување со вашата друга половина!

Шармот на парфемот CK Everyone Eau de Parfum е во тоа што е совршен и за мажи и за жени. Секој ќе пронајде нешто различно во него, кај секој ќе мириса различно. Унисекс парфемот CK Everyone е совршен секојдневен придружник за споделување со вашата друга половина.

- Реклама -

CK One visual

Црниот чај му дава силен интензитет на парфемот!

Мирисната композиција на CK Everyone Eau de Parfum е направена од сочен мексикански портокал, акорд кој доминира при отворањето на мирисот. Во срцето доминира црниот чај од Шри Ланка кој му дава силен интензитет на мирисот.

CK Everyone Eau de Parfum consisting of

Чајот како клучна состојка не е важен само за ова издание, исто така оригиналното издание на CK One содржи зелен чај како клучна нота, додека CK Everyone Eau de Toilette содржи син чај во срцето на мирисот. Ветиверот од Хаити од природно потекло дава дрвенести нијанси во основата на мирисот.

Calvin Klein CK Everyone е достапен во шишиња 50 и 100 како Eau de Parfum.

CK Everyone Eau de Parfum package CK Everyone Eau de Parfum bottle