Негувана кожа која ја краси природен сјај и младешки изглед е идеал спрема кој секојдневно се стремиме. Во морето на нови производи кои секојдневно пристигнуваат на полиците во парфимериите, се истакнува новата линија со потпис на култниот козметички бренд Dior. Со пристап кој ги надминува границите, најнови иновации од светот на технологијата и најквалитетни состојки споени во моќни комбинации кои длабоко ја негуваат кожата, производите на култниот француски бренд за убавина секогаш биле на врвот кога станува збор за квалитет и резултатите кои ги носат, поради што денес милиони жени веруваат на Dior производите.
Зачувајте ја младоста со Capture Youth колекцијата за нега на кожа од Dior!
Најновата линија на козметички производи за нега на лицето со потпис на Dior им пркоси на промените кои ги носат годините и ја одржува еластичноста, сјајот и убавината на кожата. Со неколку клучни производи, Dior Capture Youth линијата нуди совршена комбинација на производи за секоја кожа, без разлика на типот на кожата. Со текот на годините, заради различни фактори, кожата почнува да страда од надворешни влијанија на кои е изложена секојдневно. Токму затоа, Dior создаде колекција за нега на кожа која ја враќа еластичноста и здравиот младешки изглед.
Во што е тајната на новите производи на Dior?
Capture Youth линијата е создадена за да ја оживее секоја кожа, да го врати природниот сјај и не само да го спречи, но исто така да ги ублажи првите знаци на стареење. Во што е тајната на новите производи на Dior? Магијата на секој од производите на Capture Youth линијата лежи во неколку состојки кои на вашата кожа и го даваат токму она што е потребно – длабока хидратација, заштита и ексфолијација во лесна и нежна текстура.
Capture Youth Intense Rescue Serum
Dior Skincare е решение за спас на кожата од дехидрација. Дали се чувствувате неудобно во сопствената кожа? Имате чувство на затегнатост?
Тоа значи дека патите од константна или повремена дехидрираност на кожата. Чувството на неудобност дополнително може да биде засилено со негативното влијание на окружувањето, како што е студеното/топло време, ветер, клима уредите инсталирани во секој дом.
Capture Youth Intense Rescue Serum е спасител за вашата кожа. Ја обновува и длабински ја храни кожата, без разлика на околностите. Има уникатна текстура: моќта на серумот за ревитализација во комбинација со хранливоста на маслото. Серумот во себе содржи арганово темно масло, кое ја храни кожата и ја прави еластична, а содржи ирис кој помага во anti-age ефектот.
Capture Youth Age-Delay Progressive Peeling Creme
Дали сте загрижени заради првите значи на стареење? Можеби сакате да ја прочистите текстурата на кожата и да го решите проблемот со сивиот и уморен тен?
Тоа сега можете да го сторите благодарение на еден производ, Capture Youth Age-Delay Progressive Peeling Creme, крема која има моќ да ја зајакне способноста на кожата во борбата против стареењето. Освен тоа, ја обновува текстурата на кожата и ја прави блескава и свежа. Од ден на ден, станува посветла, тенот почист, изедначен и мазен!
Capture Youth New Skin Effect Enzyme Solution
Три во едно лосионот е експерт кој ви помага да го засилите дејството на ритуалите за убавина со еден потег. Лосионот можете да го нанесете со козметички туфер или директно да се натапка на лицето со прсти. Длабински ја хидрира кожата, прави нежен пилинг, прочистува и ја подоборува текстурата. Исто така, го засилува дејството и на другите производи.
Capture Youth Eye Treatment
Знаците за стареење се забележуваат и во пределот околу очите. Брчки, потеченост, темни подочници… сите тие се видливи. Штом настане таква состојба, време е за акција!
Capture Youth Age-Delay Advanced Eye Treatment се бори против знаците на стареење и знаците на замор. Крајниот ефект е тоа што стануваат помалку видливи, а потечените очни контури и темни подочници се намалуваат.
Еколошка одговорност на Dior!
Печатените материјали на пакувањата се направени со природни бои, а самата обвивка е без целофан. Во пакувањето нема дополнителни упатства, така што сите потребни информации за производот можат да се добијат на интернет веднаш, со скенирање на QR кодот кој го има на секоја амбалажа.