Dior Bronzе ги унапреди и ги подобри своите производи за заштита од сонце, како и производите за нега на кожата после сончање. Dior Bronze производите влијаат на тој начин што го подобруваат изгледот на кожата, штитејќи ја од штетните UV зрачења, воедно давајќи сјај.

Dior Bronze Creme SPF 30

Со божествена текстура, Beautifying Protective Creme Sublime Glow SPF 30 има завршница која се открива преку бисерните моменти кои ќе ги доживите на вашето лице. Кожата веднаш се завиткува во сатенска светлина. Дизајниран за осетлива и нежна кожа на лицето, го штити од слободните радикали и го спречува појавувањето на темни дамки предизвикани од сонцето. Dior Bronze Creme го трансформира секое нанесување во прекрасно, сензорно патување благодарение на својот мирис со потпис кој ги евоцира мирисите од рајот.

Dior Bronze Milky Mist SPF30

Dior Bronze Beautifying Protective Milky Mist Sublime Glow е кремаст млечен спреј, со заштитен фактор 30. Благодарение на прекрасната покривност, ви овозможува лесно да нанесете на сите делови на телото за да бидат заштитени благодарение на новиот дифузер. Лесната и  течна текстура на овој млечен спреј ја обвива кожата со заштитна преграда, давајќи чувство на свежина додека останува незабележлива на кожата.

- Реклама -

Dior Bronze Oil In Mist SPF15

Dior Bronze Beautifying Protective Oil In Mist Sublime Glow е кремасто масло за заштита на кожата со фактор 15. Освен што ја штити кожата, ја прави убава и мазна со нежен изглед.

Креирани како комбинација на UVA и UVB филтри и антиоксиданс, ја штитат кожата од стареење и штетните дејства на слободните радикали.

Dior Bronze производите се отпорни на вода. Одлични се и заради тоа што ја смируваат иритацијата на кожата после сончање.

Dior Bronze After Sun Monoï Balm

Колекцијата Dior Bronze се заокружува со Dior Bronze After Sun Care – Ultra Fresh Monoï Balm. Овој производ е за после сончање, ја хидрира и смирува кожата и помага во задржување на исончаниот тен до еден месец после сончањето. Формулата содржи екстракт од Monoi кој на кожата и дава прекрасен мирис на полинезиски цветови.