Велат дека очите се огледало на душата, но дали знаете дека тие се огледало на вашиот шарм, вашата сензуалност, мистерија… Очите зборуваат со еден од најмоќните јазици, јазикот на заведување. Ако сакате од нив да направите вистинско заводливо оружје, ќе мора да научите неколку трикови за тоа како да ги нашминкате очите според нивната боја.
Прво ќе соборам еден мит!
Ако некогаш сте помислиле дека со одредена боја на очите треба да употребете сенка за очи со иста нијанса, сте се измамиле! Секој мејкап артист ќе ве советува дека иста боја на очите и сенката за очи не се прифатливи. Поради совпаѓање на боите, зеницата не може да дојде до израз, па бидете сигурни дека во овој случај очите нема да бидат вашиот ас во ракавот.
Како да ја пронајдете идеална нијанса на сенка за очи во однос на бојата на очите? Лесно!
Трик со палета на бои!
Можеби ќе ви изгледа комплицирано, но примената на овој едноставен трик ќе ги реши сите ваши сомнежи. Само доближете ја палетата на бои до вашето око и пронајдете ја најсличната нијанса, а потоа погледнете која боја е спротивна на избраната нијанса и проблемот е решен! Ќе ја добиете комплементарна боја која максимално ќе ја истакне убавината и сензуалноста на вашите очи. Врз основа на тоа ќе знаете со кои нијанси на бои никогаш нема да направите грешка.
Кои нијанси се најпогодни за боите на вашите очи?
Кафени очи!
Ако имате кафени очи може да се сметате за вистинска среќница, бидејќи оваа боја одговара на речиси сите нијанси на сенките за очи. Можноста на маневрирање при шминкањето на кафени очи се прилично големи. Па можете да употребувате цела палета на бои на вашите очни капаци, но победничката комбинација за вас се бронзените и златните тонови кои ќе ве направат вистинска фатална жена!
Со нив се сложуваат земјените и чоколадни нијанси, особено ако на работ на очниот капак нанесете линија од темно сина боја. Маскарата е повеќе од добредојдена.
Зелените и сините нијанси на сенки се вклопуваат со кафените очи, а не треба да се избегнуваат ниту светло сините. Експертите советуваат дека мејкап изгледот треба го финиширате со туш за очи.
Златно кафени, килибарни очи, ќе ги разубавите со боја на лаванда или металик сива сенка.
Темно кафените, црни очи ќе бидат уште поизразени ако на капакот нанесете сребрена или белузлава сенка за очи.
За очи со боја на лешник, сите нијанси на зелени сенки ќе ја истакнат целосната убавина на вашите очи и ќе им дадат посебен шарм. Сепак, златните и шампањ нијанси треба да бидат присутни во вашиот козметички несесер. Тие ќе биде најмоќното оружје за заведување.
Сини очи!
Сините очи се ладни и најдобро се сложуваат со контрастните топли нијанси. Бронзените и седефасти нијанси ќе бидат полн погодок, а за вамп изглед играте на безбедно со сребрен smokey eye ефект.
Сините очи се прилично упадливи и привлечни, па затоа не се препорачува употреба на јаки бои на очните капаци. Затоа, црна, темно виолетова и темно кафена, замените ги со бои кои се со портокалов подтон како коралното црвена, беж, теракота, златна…
Промената на светлината буквално може да ја трансформира бојата на светите очи, особено ова важи за сините очи, па така може да се направи разлика помеѓу следниве две нијанси:
Интензивно сини очи
Нанесете темно жолта сенка на очните капаци се до лакот на веѓите, а на рабовите нанесете малку бакарни нијанси. Оваа комбинација е исклучително ефикасна, бидејќи сината и жолтата нијанса се наоѓаат на спротивните страни на палетата на бои, што целосно ја нагласува автентичноста на сините очи.
Светло сини очи
За вашите очи најдобро ќе одговараат нијанси во пастелно розови или сребрени нијанси. Не ја штедите маскарата и задолжително нанесете еден слој врз горните и долните трепки.
Зелени очи!
Луѓето со зелени очи се ретки, може да се каже дека сте привилегирани, а за целосен ефект и нагласување на нивната посебност, задолжена е нејзиното величество, виолетова боја! Комбинирајте ги нежните лаванда нијанси со прецизно нанесен туш за очи.
Ако ви се допаѓаат помирни тонови, одберете сив smokey eye со додаток на бронзена седефаста сенка за очи. Слободно да експериментирате со црвеникави подтонови како бакарни, бронзени, махагон…
Поради комбинацијата на различни пигменти, светлина и гардероба, зелените очи можат да “влечат” на сина или жолтеникава боја. За максимално да се нагласи бојата на вашите очи, на очните капаци нанесете виолетова сенка за очи, а во браздата на очните капаци малку сенка во боја на црвено вино. По должината на горниот раб на трепките исцртајте линија со туш за очи.