Револуцијата продолжува со лансирањето на Gucci Guilty Absolute Pour Femme, ултимативниот партнер на Gucci Guilty Absolute Pour Homme. Заедно, Absolute двојката ја искажува идејата за еманципирана љубов, пар на мириси кои се надополнуваат еден со друг како пат на ослободување.

Ново поглавје од Gucci Guilty мирисната приказна!

Сакање со апсолутна слобода, славење на идејата за дефинирање на својата љубовна конекција, Gucci Guilty Absolute Pour Femme претставува ново поглавје од Gucci Guilty мирисната приказна.

Не постои апсолутен начин да носиш мирис! Не постои апсолутен начин да сакаш! Не постои апсолутен начин да се поврзеш!

Мирис: Три херојски состојки го дефинираат новото значење на сензуалноста и романтиката!

Започнувајќи од мистериозната нота на капина, Gucci Guilty Absolute Pour Femme е нетрадиционален женски мирис креиран за модерна жена. Три херојски состојки го дефинираат новото значење на сензуалноста и романтиката.

Капина: Сочна и привлечна со мистериозен шмек, капината е најквалитетната нота во овој парфем. Мирисната нота на капина го прави парфемот топол, фигуративен и исто така мистериозен.

- Реклама -

Бугарска роза: Богат и интензивен, модерниот цветен екстракт има зачинет финиш. Екстрактот се добива преку процес на дестилација со водена пара, кој датира уште од вековите, во кој пареата минува низ ливчињата од роза.

Goldenwood: нов природен есктракт од нутка чемпрес, иновативната дрвенеста нота ги комбинира топлината на традиционалното дрво и богатите килибарни ноти од нутка. Уникатна и мултидимензионална, дрвенестата нота има аспекти на оган и кожа.

Goldenwood е исто така и клучна нота на Gucci Guilty Absolute Pour Homme, поврзувајќи го женствениот мирис со неговиот машки двојник. Состојката ги хармонизира двата мириси во израз на современа мажественост и женственост.

Кампања: Jared Leto, Julia Hafstrom и Vera Van Erp!

Враќањето во Венеција за третото поглавје од #GuiltyNotGuilty кампањата снимена од страна на Glen Luchford претставува приказ на слободна љубов. Наградуваниот актер Jared Leto и моделите Julia Hafstrom и Vera Van Erp, се прикажани како опуштено лежат во палата во барок стил, испреплетени меѓу себе и со моментот. Заедно, триото зрачи со сензуалност и романса, кршејќи ги правилата на општествените норми.

Дизајн: Богатиот акорд на капина е спакуван во мат пакување!

Женствен код отсликан во нијанса избрана од Alessandro Michele, богатиот акорд на капина е спакуван во мат пакување, акцентирано со златно Gucci лого и букви во златна боја. Високо и тенко, со сјајно црно капаче, со иста силуета како и машкиот мирис, шишето е изработено во стакло, со цел да се покаже џусот со боја на капина.

#GuiltyNotGuilty