- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Приближете му се на сопствена одговорност! Би можеле да се изгорите! Експлозивен како никогаш досега, Spicebomb буди пламен во себе. Ви го претставуваме Viktor&Rolf Spicebomb Extrême Eau de Parfum, најекстремниот додаток од Spicebomb мирисната колекција, сега како смела реинтерпретација на оригиналниот Spicebomb мирис.

Ултимативна мажественост!

Оригиналниот Spicebomb е пикантна мешавина од зачини кои креираат впечатливи контрасти: чили и шафран во комбинација со елемијем и розов бибер, односно со други зборови, топло ладна, сурова мажественост и отмена заводливост.

Но, Spicebomb Extrême всушност е онаков како што и самото име сугерира: Spicebomb појачан до максимум. Исклучително електризиран. Поинтензивен, појак, посмел.

Екстремно појачан!

Горните ноти се отвораат со грејп во комбинација со пимент и црн бибер. Во срцевината пулсираат сензуални ноти на цимет, кумин и шафран. Во долните ноти Spicebomb се отвара со зголемен акорд на тутун во комбинација со дрвенеста нота на јантар. Дополнително се нагласени заводливите ноти на црна ванила и бушин.

- Реклама -

Опасност: експлозивна материја!

Viktor&Rolf Spicebomb Extrême доаѓа во истото шишенце во облик на бомба како и оригиналниот Spicebomb мирис. Овој пат стаклото е црно и не е проѕирно, симболизирајќи ја суровата моќ и мистериозност. Сјајната црна лента од оригиналното пакување сега е во бронзена боја и ја одразува огнената сила на вулканската ерупција.