Легендарниот свеж мирис CK One е мирисот на младите од 90тите години. Calvin Klein инспирација за парфемот ја пронашол во однесувањето на својата сопствена ќерка и нејзиното друштво, провокативен стил со политичка коректност.
Најверојатно бидејќи бил инспириран од младите, затоа станал толку многу популарен кај младата генерација, особено во САД.
Цитрусно-ароматичен мирис!
CK One од Calvin Klein е цитрусно-ароматичен мирис за мажи и жени. Неговата унисекс формула го прави посебен и единствен.
Бујна и сочна композиција!
Мирисната нота на чај е придружена со бергамот и воздушести цветови, но бујноста и сочноста на композицијата ја даваат ананасот и свежите зачини, додека дрвенестата база со килибарот е воздржана, но интензивна..
Кај CK One во горните ноти доминира ананас, зелени ноти, мандарина, портокал, папаја, бергамот, кардамом и лимон. Средните ноти, односно срцевината е составена од мускат, темјанушка, корен од ирис, јасмин, лилјан и роза, а базата претставува мешавина од сандалово дрво, килибар, мошус, кедар и вид лишаи.
Креатори на CK One се Alberto Morillas и Harry Fremont.