Mancera е француски бренд на парфеми кој е релативно нов на пазарот. Постои од 2008-ма година и во својата колекција брои над 60 уникатни мириси. Она што ги прави парфемите на Mancera уникатни и посебни се скапоцените и луксузни состојки, ретки и рафинирани материјали, инспирирани од Art Deco дизајните.
Најновото што францускиот бренд го нуди се два мириси создадени за незаборавни летни доживувања.
Ви ги претставувам новите Mancera парфеми: Precious Oud и Soleil D’Italie.
Precious Oud
Новиот Mancera Precious Oud мирис како рафинирана мандолина ги ослободува зачинетите ноти на јасмин, бергамот, какао и кафе, оставајќи суптилни траги на виски и ванила на кожата.
Soleil D’Italie
Современ мирис инспириран од италијанско патување кое ги комбинира тоничните ноти на сончеви цитруси, со слатки ноти од мирис на роза, ветивер и килибар што води до водна хармонија на екстремна свежина.