- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Експертите за шминка откриваат кој е најлесниот начин!

Како да ја изберете вистинската нијанса на моливот за веѓи според бојата на вашата коса. Експертите за шминка ни откриваат кој е најлесниот начин да се избере идеалната нијанса на моливот за веѓи. Многумина грешеа во пристапот дека нијансата на моливот се избира само по бојата на косата. Многу е важно да запомнете дека кога ќе го купувате овој производ мора да го земете во предвид тонот на вашата кожа и бојата на очите.

Црвенокоси

Ако имате црвена коса и розов тен на вашето лице, никако не избирајте молив со црвенкаста нијанса како вашата коса, бидејќи вашите веѓи ќе добијат портокалова нијанса. Препорачувам да изберете молив со пепеласти нијанси.

Бринети

За бринетите важи следново правило: ако имате светло кафена коса и светли очи, изберете потемна нијанса на молив за правилно да ги дефинирате веѓите. Ако имате темни очи и темно кафена коса подобро е да се избере за нијанса посветол молив.

Црнокоси

Многумина веруваат дека дамите со црна коса бојата на веѓите треба да ја прилагодат со бојата на косата. Но, ако го следите ова правило ќе направите голема грешка. Со користењето на премногу темна нијанса на молив за веѓи ќе постигнете вештачки изглед и вашите веѓи ќе изгледаат сосема неприродно. Затоа ако имате црна коса, секогаш избирајте молив за веѓи со умерено темни кафени нијанси.

- Реклама -

Русокоси

Русокосите исто така мора да бидат многу внимателни при изборот на овој производ. Ако имате светла коса и светли очи, бојата на моливот треба да ја прилагодите со нијансата од најтемниот дел на вашата коса, бидејќи на тој начин ќе дадете дефиниција на веѓите, а покрај тоа ќе го отворите изгледот на очите. Во спротивно, ако одберете нијанса на молив слична со најсветлите делови од вашата коса, ќе добиете уморен изглед на очите.