- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Со доаѓањето на потоплите денови, повеќе не можеме да замислиме тешки пудри и слоеви на кожата на лицето, особено ако почнавте да го заштитувате лицето со СПФ фактор! Затоа обично користиме лесни пудри, па дури и ББ креми! Ако не сте сигурни дали да го освежите вашиот мејкап несесер со нов ББ крем или лесна течна пудра за претстојните сончеви денови, во продолжение ви откривам што да изберете!

ББ крем или течна пудра

ББ крем или течна пудра: Прашање е сега!

Постојат неколку видови на подлоги за лице со многу различни ефекти на покривност: од лесни – со транспарентни пигменти, па се до целосна покривност – со ефект на маска. Како температурите се зголемуваат, сигурно не посакувате тешката пудра која се топи и остава траги по облеката во текот на денот, затоа најдобро е да изберете лесна пудра или ББ крем. За да направите правилен избор, важно е да ги знаете предностите и маните на двата производи!

течна пудра

Лесна течна пудра!

Течната пудра е најдобар производ кој го изедначува тенот и дава моќна покривност – затоа константно се усовршува, така што денес секој може да си најде идеална нијанса за себе. Течната пудра е погуста од ББ кремот, дури и лесните текстури на течни пудри даваат подобра покривност од ББ кремите.

- Реклама -

Предност: огромен број на нијанси така што многу лесно можете да ја најдете идеалната нијанса за себе, широк избор на текстури и мејкап финиш за вашиот тип на кожа. Течните пудри можат да ги задоволат специфичните потреби на вашата кожа – масна кожа, зголемени пори, брчки, против стареење, ви треба само еден производ за секој ден и за посебни прилики.

Недостатоци: нанесувањето бара мејкап алатки – четка или бјути блендер, а за најдобар финиш мора да ја фиксирате пудрата за да не ви се размачкува, дури и онаа најлесната пудра се забележува на кожата и затоа потребно е да се нашминка целото лице.

ББ крем или течна пудра

ББ крем!

Со потекло од Азија, ББ крем е кратенка за „beauty balm“ или „blemish balm“ производи, кои се користат да се изедначи тенот и корегираат дамките на лицето, а во исто време кожата е нахранета со хранливи материи. ББ кремите се полесни од класичните течни пудри, но се погусти од тонираните креми. Овој тип на производ често содржи заштитен фактор кој може да биде и СПФ 50, што го прави идеална подлога за летните денови. Клучните состојки на BB кремот се антиоксидансите, кои се борат против слободните радикали.

Предност: се нанесува со прсти, лесно се размачкува, воедно ја негува кожата, а често содржи СПФ фактор. ББ кремот многу е лесен на кожата, така што изгледа како „no-make-up“ шминка, не мора да го шминкате остатокот од лицето и претставува идеален производ за порцелански тен без неправилности.

Недостатоци: многу тесен избор на бои – најчесто Light и Medium, мал број брендови имаат ББ креми, а малата покривна моќ ја прават идеална само за дневна шминка и тен без поголеми неправилности.

течна пудра

Кога ќе ги споредите двата производи, покрај нивните предности и недостатоци, ќе дојдете до идеален компромис за избор на основа за топлите денови!