- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога имате вистински гениј и визионер како што е Lucia Pica на чело на мејкап брендот Chanel, секоја нова мејкап колекција може да биде само подобра од претходната. Chanel Beauty веќе неколку сезони импресионира со своите мејкап колекции, но најмногу пофалби добиваат производите кои нудат некоја иновација, држејќи се подалеку од традицијата и старата слава на своите производи. Пред точно една година Chanel ја претстави првата пудра за усни, а во колекцијата за пролет 2019 година се среќаваме со сосема нов производ од Chanel, Baume Essential. Се работи за нешто досега невидено од Chanel, балсам за лице во стик што е неверојатно лесен и проѕирен, но прави лицето да изгледа многу подобро, дава свежина и сјај, но без оној непривлечен масен сјај на лицето.

Нова Chanel мејкап колекција!

Целата колекција всушност е инспирирана од Азија и патувањето во Јужна Кореја и Јапонија, од каде своите доживувања, Lucia Pica директно ги преточи во нови бои и текстури на новите Chanel мејкап производи. Vision D’Asie: L’Art Du Détail е официјалното име на новата колекција, инспирирана од концептот на азиската убавина, игра на светлина и текстури, металик нијанси, но со финиш како облеан од роса. Покрај Baume Essential, постојат уште неколку привлечни производи – од палета со импресивни 9 нијанси, до кармини и лакови кои се заштитен знак на Chanel, а оваа пролет ќе се појават во многу привлечни праскасти, розови и корални нијанси, но и во тонови на бобинкасто овошје.

- Реклама -