- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нема сомнение дека еден од најпопуларните производи за шминка веќе неколку години наназад е хајлајтерот! Сјајните, светкави јаболкници на образите е она што го гледаме насекаде на Instagram и модните писти, поради што хајлајтерот стана мејкап класик, како руменилото и тушот за очи. Но, како да го изберете идеалниот за вашиот тен? Лесно, со неколкуте совети што ќе ви ги дадам подолу!

Хајлајтерот треба да послужи за една цел, а тоа е да се нагласат високите точки на лицето: јаболкниците, коската под веѓата, купидоновиот лак (засекот над горната усна) и врвот на носот. На овој начин, хајлајтерот ја истакнува структурата на коските на лицето за подобро да ја „фати“ светлината. Ако изберете погрешна нијанса на хајлајтер потполно ќе ја промашите целта на овој производ за шминка!

Како да изберете совршен хајлајтер спрема тенот на кожата?

Шминкерите советуваат дека при изборот на хајлајтер одберете една до две нијанси посветли од тонот на вашата кожа. Ова ќе го направи хајлајтерот да биде видлив и да го осветли она што треба. За разлика од пудрите и бронзерите, може да играте со различни нијанси на хајлајтер!

Светол тен! (Fair или Porcelain нијанси на пудра)

Светлите тонови на кожата дефинитивно имаат најголема потешкотија да ја пронајдат совршената нијанса. Секој нов хајлајтер кој се појавува во парфимериите има златни тонови, што во никој случај не одговараат за светла кожа. Ако користите погрешна нијанса на хајлајтер на светла кожа ќе добиете спротивен ефект – потемна сенка на јаболкниците наместо светла!

- Реклама -

Ако имате бледа и светла кожа, треба да се одлучите за перласт, ледени или шампањ нијанси на хајлајтер. Светлиот пигмент ќе додаде доволно сјај на вашиот тен. Ако сакате да избегнете премногу топли нијанси на хајлајтер или оние што имаат црвени подтонови, одлучете се за оние со светла, розово-праскаста завршница. За вас добро ќе се прилагодат и ледени, сребрени хајлајтери кои ќе ја нагласат светлината на вашиот порцелански тен.

Совршена нијанса за сите светли тонови на кожа е бојата на слонова коска со бисерен финиш – бидејќи ќе даде најприроден сјај одвнатре!

Среден и маслинест тен! (Medium, Beige, Olive нијанси на пудра)

За да спречите да изгледате премногу леденo или „frosty“, ако имате потопол тен, одберете хајлајтер со бронзени и златни тонови кои се прелеваат. Ова мало навестување на боја е доволно за да ја направите вашата кожа да се чувствува како да е бакната од сонцето! Избегнувајте розови и ледени хајлајтери со ладни подтонови, бидејќи на вашата кожа ќе изгледаат премногу вештачки и премногу видливи!

Темен тен! (Caramel, Mocha, темни нијанси на пудра)

На темен тен феноменално стојат богати варијации на розово-златни или бронзени хајлајтери. Потрудете се да пронајдете хајлајтер кој има интензивен пигмент, а држете се подалеку од оние седефастите нијанси, бидејќи тие ја прават кожата да изгледа мртва наместо да блеска одвнатре. Побарајте топли богати нијанси на бронза, бакар или розово злато.