- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мејкап бренд за кој овие денови најмногу се зборува, дефинитивно е Urban Decay. Една информација деновиве ги обиколи светските бјути медиуми, дека оригиналната Naked палета со сенки за очи, со која започнаа славните денови на брендот Urban Decay, се повлекува од пазарот. Но, само неколку дена подоцна брендот Urban Decay повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите, поради веста за новата Naked палета која наводно за брзо време траба де се појави на пазарот.

Во изминатите неколку години, Urban Decay навистина измина долг пат етаблирајќи се во светот на мејкапот со класичната Naked палетата како производ со врвен квалитет. Бевме сведоци на некои возбудливи лансирања, а највпечатливи беа на Naked Heat палатата и Born to Run палетата за која најмногу се зборуваше ова лето.

Urban Decay Elements палета

Од брендот јасно ставија до знаење дека на 10 Септември во продажба доаѓа нивниот нов предводник, Elements Eyeshadow палатата, а уште повеќе возбуда иако тоа се уште не е официјално потврдено од таборот на брендот, предизвика Naked Cherry палетата, чии слики во претходниве неколку денови молскавично беа раширени низ Instagram.

Urban Decay Naked Cherry палета

Блогерките овие денови буквално на сите страни зборуваа за неа и тоа не е изненадување, бидејќи се уште се свежи вестите за повлекување на оригиналната Naked палета, додека од друга страна секое ново лансирање на Naked палетите се прати со огромна возбуда и исчекување, бидејќи Urban Decay со своите новитети никогаш не разочарува.

- Реклама -

Од она што може да се види на Instagram, во палетата треба да се најдат 12 нијанси, кои се во опсег од блескаво розови, преку топли нијанси на праска, па се со длабоки бои на вино, но и со неизбежни земјани-сиви и кафени нијанси. Некои од имињата на нијансите се Ambitious, Bang Bang и Drunk Dial, а кога палетата ќе се појави на пазарот се уште не е познато.