- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Bvlgari го претстави парфемот Rose Goldea во Јули 2016 година, по успехот на оригиналното издание Goldea – „омаж на златото и женственоста инспириран од божицата на златото, убавината и сонцето“. Во 2019 година, ново издание од оваа линија – Rose Goldea Blossom Delight – е лансирано како младешка интерпретација на Rose Goldea мирисната композиција.

Свеж, нежен и оптимистичен мирис на роза во цут!

Новиот мирис симболизира млада жена која е на работ на зрелоста и почетокот на патувањето кон постигнување на нејзините соништа и цели. Парфимерот Alberto Morillas овој сегмент го долови со свеж, нежен и оптимистичен мирис на роза во цут – со бугарска роза како клучна состојка.

- Реклама -

Мирисот го опишува процесот на цветање на рози!

Композицијата на парфемот го опишува процесот на цветање на рози, а слично на тоа – жената која влегува во зрелоста. Почетокот на мирисот е разигран со мирисни акорди на лисја, проследени со свежи пупки од роза, а завршува со одлично финале на мошусен мирис со цветни латици.

Bvlgari Rose Goldea Blossom Delight е достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.