- Реклама -  

Нуд нијанса на кармин е неизбежен производ во секој козметички несесер. Во лето обично се стремите кон светли нијанси како корална или фуксија, но нуд кармин е идеален избор кога сакате да направите мејкап изглед како без шминка или кога само сакате да ја нагласите природната боја на усните. Нуд нијансата изгледа одлично кога се носи самостојно, а посебно доаѓа до израз во комбинација со вашиот омилен smokey-eye ефект на очите.

MAC Cosmetics во соработка со Mary J.Blige!

Ако сеуште не сте ја пронашле вашата совршена нијанса, можеби соработката на MAC Cosmetics и музичарката Mary J.Blige е она што го барате. Резултатот од нивната соработка е колекција од 24 кармини кои се создадени за летните денови. Колекцијата со име „Love Me“ доаѓа во ограничено издание, а посебно се истакнува нијансата French Silk – фаворит на музичарката.

Лесна формула која ги навлажнува усните!

Како свој фаворит, Mary J.Blige ја има издвоено нуд нијансата наречена French Silk. Во себе ја има нијансата на беж и розова, а совршено се вклопени подтоновите на кафена, праска и розова. Покрај тоа, таа е идеален избор за летни денови, бидејќи има лесна формула и сатенска завршница која ги хидрира усните. Навистина, дали ви треба нешто повеќе за долго, топло лето? MAC Cosmetic и Mary J.Blige ја нудат оваа совршената нуд нијанса за лето, бидејќи нијансата ќе ве опушти, а во исто време ќе имате чувство дека овие нијанси ќе ве подмладат.

- Реклама -

25 години од лансирањето на карминот икона – Viva Glam!

Музичарката и брендот MAC Cosmetics секогаш имале одличен однос полн со взаемна поддршка, а 2019 година е значајна за музичарkата и за брендот. Оваа година се одбележува 25-годишнината од објавувањето на култниот албум My Life, додека во исто време MAC прославува 25 години од лансирањето на карминот икона – Viva Glam.

- Реклама -