- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

УВ зраците, солената вода, хлорот од базените и сонцето може дополнително да ја оштетат косата во текот на летото.

Бирајте Ph неутрални производи за секојдневно миење на косата!

Бирајте производи кои во својот состав немаат натриум сулфат и преферирајте употреба на Ph  неутрални производи наменети за секојдневно или често миење на косата.

заштитите ја косата ова лето

Маските за косата можат да бидат корисни!

Кога ја миете, користете мала количина на шампон и добро исплакнете ја косата. Употребата на квалитетна маска за коса може да биде корисно. Но, не заборавајте да направите пауза при користењето на маската за коса. Во спротивно, претераната употреба на маска за коса, ризикувате да постигнете контра ефект.

заштита на косата во лето

- Реклама -

Шампон и маска со состојки за хидратација!

Со почетокот на летото често ви се нудат специјализирани шампони и маски за заштита од сонце. Всушност, нема потреба да одбирате специфични производи за заштита од сонце, доволно е одбраниот шампон и маска да содржи состојки за хидратација, како што се глицерин, јојоба масло и shea путер.

заштита на косата во лето

Aнтиоксиданси и Витамин Е!

При изборот на шампон и маска, во составот неопходно е присуството на антиоксиданси и Витамин Е. Заштитните масла се дизајнирани да создадат заштитна бариера на влакното на косата и посебно се корисни за оние дами кои ја бојат косата. Тие го штитат влакното од надворешните влијанија и што е уште поважно, помагаат бојата на вашата коса да трае подолго. Вашиот избор нека бидат производи со растителни екстракти. Одбегнувајте масла на база на вазелин и силикон.

коса во лето

Пеглање, фенирање!

Бидејќи сончевите зраци ќе ја завршат својата работа и ќе ја исушат вашата коса, избегнувајте дополнително сушење со фен, а по можност избегнувајте го пеглањето.