- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Заштитните маски станаа наша секојдневна рутина, а одењето на работа, по набавка или на прошетка веќе е невозможно без нив. Многумина од нас, поради носењето на маска на лицето се откажаа од средување и шминкање, но повеќето жени се прилагодија на новите услови.

Затоа ви подготвив неколку совети за тоа како да се шминкате кога носите заштитна маска.

Подлога и пудра!

Првото нешто на што треба да обрнете внимание кога станува збор за шминка со заштитна маска е навлажнувачката крема. Бидејќи маската ќе биде на вашето лице подолг дел од денот, може да предизвика реакција на кожата, црвенило или лупење на кожата на пределот околу усните. Затоа, важно е прво да нанесете крем што ќе ви го хидрира лицето во текот на целиот ден.

Кога кремот ќе се апсорбира во кожата нанесете течна пудра. Ако носите памучна маска за лице (која се пере во машина за перење), може да се случи пудрата да ја исфлека маската, затоа не заборавајте да нанесете пудра за фиксирање што ќе овозможи течната пудра да биде постојана во текот на целиот ден.

- Реклама -

Коректор!

Бидејќи фокусот на шминката е на очите, со коректор покријте ги темни кругови околу очите. Коректорот за да биде што е можно повеќе постојан, пред нанесувањето, нанесете крем за нега на очите. Изберете нијанса на коректор малку посветла од вашата природна, но внимавајте да не биде премногу светла, затоа што ќе изгледате неприродно.

Сенка за очи!

Бидејќи сенката за очи е единствен мејкап производ во боја што ќе го користите, предлагам да ги пробате црвените или бургунди нијанси кои се во тренд. Можеби, ќе помислите дека црвената боја на очите нема да ви одговара, но ве советувам да ја испробате. Нанесете црвена сенка на преклопот на очните капаци и комбинирајте ја со нуд нијанси. Доколку сакате, со туш за очи дополнително можете да ги потенцирате очите, но нанесете го само во аглите на окото за да го задржите природниот изглед.

Веѓи и трепки!

За ефект на длабок поглед, веѓите и трепките се најважни! Изберете молив за веѓи што не отскокнува премногу од вашата природна нијанса. Поради маската за лице, секое претерување со исцртување на веѓите, дополнително ќе ги нагласи очите и затоа не ви препорачувам веѓите да изгледаат премногу нагласени. Нанесете маскара, максимум два слоја, но изберете ја онаа што дава волумен на трепките.

Кармин!

За жал, карминот за усни ќе мора да почека некое подобро време, како и руменилото и бронзерот. Дотогаш, фокусирајте се на очите, тие се огледало на душата!