Романтични, елегантни, мистериозни и расцветани: четирите интригантни аспекти на карактерот на Signorina, се главните протагонисти на #mad4Signorina, нова, енергична кампања која ја слави најпопуларната мирисна линија на Salvatore Ferragamo.
Кампања: Се интерпретира душата на самиот мирис!
Свежа и динамична, кампањата е креирана од модниот илустратор Joe Ratcliffe. Toj е креативен директор од Лондон, илустратор и аниматор, познат по рачно цртаните карактери и сцени.
Кампањата за Signorina вклучува четири анимирани видеа во траење од 15 секунди, а во секое од нив на посебен и енергичен начин се интерпретира душата на самиот мирис.
Вљубена во нешто посебно, симболизирано со посебен гест!
Секоја Signorina е вљубена во нешто посебно, симболизирано со посебен гест. Шишето на Signorina е покриено со легендарната vera bow, која сега е повторно интерпретирана од Joe Ratcliffe како наративна приказна од 4 епизоди, создавајќи калеидоскоп кој го задржува разиграното расположение, без да го изгуби идентитетот.
Четири различни мириси!
Salavatore Ferragamo ви ги претставува четири различни мириси, кои имаат една заедничка карактеристика: уникатноста и женственоста на италијанската жена.
Signorina Eau de Parfum
Цветно ориенталната овошна Signorina Eau de Parfum потсетува на младата, италијанска креативна жена која секогаш е инспирација за Salvatore Ferragamo и неговиот уникатен стил, носејќи свежа убавина.
Signorina Eleganza
Мирис кој е посветен на сензуална, благородна и софистицирана жена. Signorina Eleganza ја претставува почитта кон софистицираноста, женственоста, грациозноста и заведувањето, карактеристики на сите парфеми на Salvatore Ferragamo.
Signorina Misteriosa
Овој ориентално овошен мирис ја слави мистериозната страна на шик девојката која емитува радост на животот и секогаш на себе има заводлива насмевка. Нејзиниот живот е како игра, а таа одбира улога по кој сака да биде интерпретирана.
Signorina in Fiore
Signorina in Fiore ги претставува жените кои што се полни со радост и романтика. Кога доаѓа пролетта, секоја Signorina ја открива нејзината романтична страна, како што цветот ги открива ливчињата на првите зраци светлина.