Веќе подолго време на Instagram се навестува дека Jennifer Lopez, кралицата на сјајот, ќе лансира сопствен бронзер. Бев убедена дека веста е премногу добра за да биде вистинита.

J.Lo Glow!

Нејзиниот сјај и убавина и стајлинг се толку исконски што има свое име: “J.Lo Glow.” Со оглед на тоа, концептот на Jennifer Lopez да создаде сопствен бронзер изгледа премногу очигледно и реално. За таа цел печката се здружи со полската компанија за козметика Inglot за да го создадат новиот бронзер. Како што пристигнуваат вести од Instagram, новиот бронзер е “прилично неверојатен”.

Бронзер: Тој е целосно мат, кадифен и мек!

Dubbed Boogie Down бронзерот е со врежани иницијали на пејачката, за да знаете дека не е некој обичен бронзер. Комбинира балансирана мешавина на ладни и топли тонови за да го направи примамлив и посакуван за широк спектар на тонови на кожата. Ако морам да му дадам опис на бојата на бронзерот, би го нарекла карамела. За разлика од повеќето бронзери, J.Lo бронзерот нема ни најмала трага од светки. Тој е целосно мат, кадифен и мек. Бидејќи правот е толку многу ситен, можете да го помешате на вашата кожа за да постигнете ефект на сјај на вашата кожа кој изгледа целосно природно.

И тоа не е сè!

Jennifer Lopez исто така, во соработка со Inglot најави лансирање на цела линија на мејкап производи. Бронзерот ќе биде само еден од 70те различни мејкап производи одобрени од J.Lo. Сега со производите на J.Lo ќе можете да си создадете своја мејкап рутина, вклучувајќи ги усните, трепките и веѓите. Ноктите исто така не се занемарени во новата линија.

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име