Модниот дизајнер Jeremy Scott, креативен директор на куќата Moschino, најави лансирање на нова, забавна и иронична мирисна креација, наречена Toy 2, мирисно наполнување на оригиналниот Moschino Toy од 2014 година, рекламиран со необичниот рекламен слоган “THIS IS NOT A MOSCHINO TOY”.
Цветно-дрвенеста мирисна композиција!
Moschino Toy 2 е најавен е како цветно-дрвенеста композиција која се отвора со цитрусни, овошни и ноти од магнолија. Кадифените цветни ароми го сочинуваат срцето на парфемот кој завршува со дрвенеста база и мошус.
Devon Aoki – заштитно лице на парфемот!
Супермоделот Devon Aoki позира пред објективот на фотографот Steven Meisel со големо шише од парфемот Toy 2.
Moschino Toy 2 ќе биде на располагање во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.