- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Еден од култните козметички производи што доаѓа со потпис на Dior дефинитивно е маскарата Diorshow. Сите знаете колку е тешко да се пронајде совршена маскара која одговара на типот на трепките, нуди совршен волумен и должина… Да, дефинитивно! Тоа мора една маскара да го понуди и токму тоа е случај со Diorshow.

Доаѓа во популарна, гумирана туба!

За сите обожавателки на оваа популарна маскара од Dior пристигна одлична вест – лансирана е нова и уште подобра Diorshow маскара. Се работи за Pump’N’Volume HD маскара која доаѓа во три бои: црна, кафена и сина, а посебна е во тоа што доаѓа во гумена туба. Благодарение на тоа, засушена маскара ќе стане минатото! Стиснете ја флексибилната туба еднаш или двапати за да ја омекнете формулата и рамномерно да ја натопите четката со совршена количина на производ.

- Реклама -

Формула збогатена со состојки за нега на трепките!

Освен што носи XXL волумен на трепките, формулата е збогатена со состојки за нега на трепките како што е витаминот Б5. Тој е познат по своите карактеристики на зацврстување и затоа со секоја употреба на маскарата, трепките се зајакнуваат и се зголемува нивниот природен волумен. Последно, но не помалку важно – маскарата лесно се отстранува и доволно е да се исплакне со топла вода!

Blake Lively благодарение на Diorshow секогаш има прекрасно дефинирани трепки и заводлив поглед!

Ако ви треба уште некој адут за да го купите овој класик, само ќе напоменам дека Diorshow маскарата е дел од козметичкиот несесер на Blake Lively и благодарение на неа секогаш има прекрасно дефинирани трепки и заводлив поглед.