- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нова L’Oreal Unlimited маскара!

Во текот на целата година, секој бјути бренд понуди неколку различни одговори на потрагата по таа совршена трајна маскара која ќе го нагласи волуменот и должината на трепките и ќе ги истакне до совршенство вашите очи. Меѓу најразновидните маскари кои се истакнуваат со комбинација на секогаш нови и иновативни формули и четки со различни форми и големини, само неколку од нив може да нè изненадат уште пред да ги пробаме.

Флексибилна четка која ги надмина границите на очекуваното!

Последната маскара на која тоа и успеа е Unlimited – најновата маскара на брендот L’Oreal чија флексибилна четка ги надмина границите на очекуваното и стана еден од највозбудливите нови производи на мејкап сцената.

- Реклама -

Флексибилна четка која може да се прилагоди на различни агли и насоки!

L’Oreal Unlimited маскарата е нов мејкап фаворит на популарниот француски бренд, која го заинтригира светот на убавината и љубителите на добар мејкап на прв поглед, дури и пред да пристигне на полиците во парфимериите. Зошто? Апликаторот на новата L’Oreal маскара е со флексибилна четка која може да се прилагоди на различни агли и насоки за да се постигне посакуваниот wow ефект. Со необичната четка и резултати кои ветуваат максимална нагласеност на секоја трепка, L’Oreal маскарата несомнено е една од најиновативните нови мејкап производи, која едвај чекаме да ја испробаме.