- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

L’homme Ideal Intense е нова машка мирисна композиција од Guerlain, која се разбира е идеална. Како машки мирис кој е идеален за еден суперхерој, зачинет и интензивен, моќен и чудесен во секој поглед во кој еден парфем за суперхерои треба да биде. Неговата суперсила е во самиот мирис: интригантен, мистериозен, енергичен, страствен.

Миризлива трага која секого ќе го заинтригира и привлече!

Овој мирис зрачи со сензуалност. Моќна комбинација на зачини и интензивни мириси се испреплетуваат и оставаат впечатлива миризлива трага која секого ќе го заинтригира и привлече. Homme Ideal Intense е најновиот член на L’Homme семејството на парфеми од францускиот бренд Guerlain, кој започна со L’Homme Ideal Eau de Toilette во 2014 година, продолжи со Cologne верзија во 2015 година, Eau de Parfum во 2016 и Sport верзија во 2017 година.

- Реклама -

L’Homme Ideal: Кокетирање со дрвенести, кожни и гурмански ноти!

Карактеристично за сите L’Homme Ideal парфеми е уникатното и вешто кокетирање со дрвенести, кожни и гурмански ноти. Основните состојки на главните мирисни акорди се: бадем во комбинација со зачинет чили и необична нота на чад. Горните ноти се: чили, кардамон и бадем. Во срцето на мирисот доминираат акордите на: кожа, бугарска роза и цитрус. Базните ноти се: пачули, ванила тинктура и сандалово дрво.

Мирисна композиција за лето и зима, ден и ноќ…

Guerlain со парфемот успеа во тоа во кое многу актуелни машки мирисни изданија не успеаја. А тоа е создавање на парфем кој многу вешто балансира меѓу речиси непомирливите разлики на: истокот и западот, денот и ноќта, топлото и ладното.

Значи ова е мирисна композиција која може да се носи во лето и зима, ден и ноќ…

Примамливо, зар не?