- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Gucci Guilty Cologne Pour Homme е новото машко издание на Gucci Guilty парфемската линија. Со рекламната кампања и краткиот филм #ForeverGuilty, Gucci отвори ново поглавје на мирисната линијата Guilty Signature. Се слават жените и мажите кои се ослободени од општествените норми, а претставени се преку ликовите на Jared Leto и Lana Del Rey.

Необичен цветен мирис со силен ароматичен карактер!

Gucci Guilty Cologne pour Homme е необичен цветен мирис со силен ароматичен карактер кој претставува модерно толкување на класичните италијански колонски води со дрвенести акорди и цитруси. При отворањето доминираат цитрусни ноти со ароматични ароми на рузмарин и бобинки. Црвеното срце со љубичица и хелиотроп засилено е со ноти на шпански чемпрес. Основата на мирисот содржи дрвенести ноти и бел мошус. Мирисната креација потпишана е од парфимерот Alberto Morillas.

Guilty Cologne pour Homme е достапен во 50, 90 и 150 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -