- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Giorgio Armani на својата мирисна колекција Armani Code Collection придружува ново ограничено издание Armani Code Absolu Gold како ориентална интерпретација на оригиналот. Новиот Code Absolu Gold е зависен и софистициран мирис базиран на препознатливиот акорд на тонка, зачинет со шафран и магнетски привлечни својства на ирис. Новата верзија на Armani Code Absolu Gold е во златно шише и наследник е на машкиот мирис Armani Code Absolu од 2019 година, а рекламно лице на новото издание сеуште е актерот Ryan Reynolds.

Модерна ориентална структура на креацијата!

Мирисната композиција се отвара со ноти од зелено јаболко и сочна мандарина, додека во срцето шафранот со својата единствена, груба и остра арома и карактеристични кожно-зачински нијанси, комбинирани со магнетски привлечен ирис. Основата на композицијата ја одликува топлината на тонка, клучен акорд од претходните Code изданија, придружен со кедар и есенција од дрвото гвајак, кои обезбедуваат модерен ефект. Во основата на мирисот е бензоинот кој ја нагласува ориенталната структура на креацијата. Парфимер на композицијата е Antoine Maisondieu.

Armani Code Absolu Gold е достапен во шишиња од 60 мл, како Parfum.

- Реклама -