Она што го посакува секоја жена од една течна пудра е совршена покривност и долготрајност со природен, мултидимензионален мат финиш.
Совршената течна пудра за сечиј тен!
Од козметичкиот бренд Bobbi Brown пристигна совршената течна пудра за сечиј тен – Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15. Сега многу лесно ќе пронајдете совршената пудра за вашиот тен.
16 часовна долготрајност!
Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 од Bobbi Brown е неверојатно мазна и прилагодлива пудра која овозможува 16 часовна долготрајност, удобност и чувство на леснотија во текот на целиот ден.
Мазна и прилагодлива пудра!
Со ултра свиленкаста емулзија, совршено балансирана мешавина со состојки за нега и активно контролирање на маснотијата на кожата, надополнета со пигменти за сите нијанси на кожа, Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 е неверојатно мазна и прилагодлива пудра, во која веднаш ќе се вљубите.
Пигментите се прецизно избалансирани за да го креираат природниот спектар на нијанси за сите тонови на кожата.
Мат финиш за природен изглед!
Мултидимензионалниот мат финиш овозможува природен изглед каков што посакува секоја жена.
Течната пудра Bobbi Brown Skin Long Wear Weightless ќе ви овозможи заштита од сонце SPF 15 и погодна е за осетлива кожа бидејќи не содржи парабени, сулфати и фосфати.
Идеална е за нормална и мрсна кожа.