- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Изборот на одреден парфем може многу да каже за вашата личност. Можеби не сте помислиле на тоа –  парфемот не се бира само според вашиот карактер и вкус, туку и според пригодата. 

Парфеми кои се неодоливи преку ден, совршени навечер!

Неодолив преку ден! Lacoste L.12.12. Blanc

Овој мирис одговара на чисто расположение, безвременост, класика. Инспириран од белата поло маичка, претставува вистински херој на целата Eau De Lacoste L.12.12 колекција. Мирисот одговара на маж кој се облекува беспрекорно, сака да се забавува и да ужива во нив. Јасниот и ароматичен рузмарин го отвара мирисот од дрвенеста композиција која е базирана на природна бела и цветна тубероза. Јасните и чисти мириси од кедаровото дрво му даваат машка насока на мирисот. Ако тој преферира едноставни, класични мириси овој парфем е за него.

Совршен навечер, Lacoste L.12.12. Noir

Машки мирис во црно шише, совршен спој на состојки за секој софистициран маж. Мирисната колекција Eau De Lacoste L.12.12 која е инспирирана од поло маиците со логото на крокодил, со мирисот Noir нуди интензивни мирисни ноти за вечерно излегување. Мирисот нуди контрастни ноти на чоколадо и лубеница. Композицијата ја сочинуваат и египетски босилек, лаванда, кашмир, кумарин и пачули.

- Реклама -