Брендот Bvlgari лансира нов парфем Bvlgari Man Wood Essence во јули 2018 година, како дел од мирисната колекцијата Bvlgari Man за која е заслужен парфимерот Alberto Morillas. Bvlgari Man линијата за мажи за прв пат беше претставена со првото издание во 2010 година.
Рамнотежата помеѓу урбаниот живот и повикот на природата!
Филозофијата на нов мирис е поставена врз основа на рамнотежата помеѓу урбаниот живот на современиот човек и повикот на природата.
Мирисната композиција Bvlgari Man Wood Essence комбинира дрвенести ноти: кора од дрво, смолa и есенции, со зачинети акорди. Италијанскиот цитрус заедно со листот од коријандер даваат свежина, а зелениот карактер на интензивната дрвенеста композиција вклучува акорди на чемпрес, ветивер и кедар.
Nick Bateman – заштитно лице н парфемот!
Заштитното лице на парфемот е канадски модел и актер Nick Bateman.
Мирисот на располагање во парфимериите ќе биде достапен од септември, со големини од 60 и 100 мл како Eau de Parfum.