- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Како што е во лето, освен врелата атмосфера насекаде и врелите температури, така и парфемите имаат улога покрај да мирисаат и да ве освежат од врелината.

Лесните летни мирисни освежувања во стаклени шишенца пократко се задржуваат на кожата, па затоа тие треба да се нанесуваат по неколку пати на ден.

Каде да го нанесете вашиот омилен парфем!

Ако парфемот го нанесувате само за сопствено задоволство, најдоброто место за нанесување е рачниот зглоб. Но, ако сакате вашиот мирис да го почувствуваат другите, нанесете го на други пулсирачки места на вашето тело – во просторот позади ушите, на вратот, рамената и во внатрешноста на колената. Така топлината на вашето тело ќе емитува нежен мирис во текот на целиот ден. Во лето парфемите добиваат посебна магична моќ затоа што врелите денови, заедно со врелиот изглед, бараат врели мирисни ноти!

- Реклама -

Женски мирисни ноти за врел летен изглед!

Ова лето сè ќе мириса на свежо цвеќе, весели цитруси и заводливи мириси на овошје. Овие нежни тонови се многу се лесни за комбинирање, но исто така, совршено се вклопуваат во атмосферата од најтоплото годишно време. Затоа слободно може да се засладете со мирис, така што ниту една девојка нема да биде толку слатка како тебе!

Машка мирисна композиција за Медитеранска врелина!

Машките мирисни ноти оваа лето обично почнуваат со заводливи дрвенести ноти на чемпрес или пачули, во комбинација со грејпфрут, бергамот и портокал, но исто така и со мистериозни билни мириси на нане, лаванда и рузмарин. Сепак цитрусните ноти ова лето сè уште доминираат.

Особено, синергетски ефект кај машките парфеми имаат цитрусите кога се промешани заедно во некоја мирисна формула, но исто така многу добро се комбинираат со цветни ноти на мимоза, божур и јасмин, но и со дрвенести ноти на четинари, свеж рузмарин и зачински ноти на црн бибер, цимет и ветивер.

Медитеранската врелина, јужната енергичност, солените ароми и крајбрежната атмосфера, кои неодоливо потсетуваат на омилената машка мирисна комбинација, ќе ви дава насмевка на лицето, дури и ако не отпатувате на летен одмор од соништата.